logo
logo
logo

Алушовски: Разочаран сум, не се испочитува ништо

Vecer | 01.02.2021

Алушовски: Разочаран сум, не се испочитува ништо

Вардар 1961 дојде до важна победа, но тренерот, Стевче Алушовски не е задоволен од играта на своите момци. Обично и по пораз знае да ги пофали, и да не биде разочаран, но вечерва не е така. Алушовски призна дека е разочаран, бидејќи ракометарите не го испочитувале договореното.

„Секој меч е приказна за себе, само поради наши грешки, Нексе секогаш се враќаат во игра. Од едно екстра отварање на мечот до несфатлив пад во играта во нападот, правевме технички грешки кои резултираа со брз гол на противникот.

Не сум задоволен од многу работи, првпат можат да кажам дека сум разочаран по еден меч, не го испочитувавме она што се договоривме. Среќа што го имавме Борко, среќа што промашија во клучните моменти, мечот на крајот можеше да го добие Нексе.

Немаме многу време. Иако победивме дома си одиме разочарани, се надевам дека утре со ладни глави ќе анализираме што беше добро што беше лошо и подготвени ќе заминеме за Порто“, изјави по натпреварот Алушовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk