logo
logo
logo

Алушовски: Против Пик Сегед очекувам тешка борба!

Vecer | 12.02.2021

Алушовски: Против Пик Сегед очекувам тешка борба!

По поразот во Порто, како и по откажувањето на дуелите со Фленсбург и ПСЖ во Лигата на Шампионите, ракометарите на Вардар ги челка меч против силниот Пик Сегед, и тоа во недела на својот паркет во “Јане Сандански“ во недела со почеток од 18 часот.

За дуелот со тимот од Унгарија, свој коментар има тренерот на вардарци Стевче Алушовски.

Против Пик Сегед не очекува тешка борба за двата бода. Нашиот противник без разлика на резултатите во првата полусезона, е квалитетен тим, кој што е претендент за пласман на Ф4. Од друга страна ние добро го анализиравме, имаме уште два дена да се подготвиме за се она што не очекува на натпреварот. Се надевам дека позитивно ќе одговориме на задачите, односно играчите ќе го исполнат она што ќе го договориме пред натпреварот. Јас сум оптимист, посакувам да се претставиме во добро светло, да видиме каде сме, да не ни се повторат оние почетнички грешки против Порто, поради кои загубивме два бода“ изјави Алушовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk