logo
logo
logo

Алушовски: По завршување на сезоната нема да бидам тренер на Вардар!

Vecer | 03.05.2021

Алушовски: По завршување на сезоната нема да бидам тренер на Вардар!

Стевче Алушовски по завршување на оваа сезона повеќе нема да ја извршува тренерската функција во тимот на Вардар 1961. Предводникот на „црвено-црните“ има шанси да остане во клубот, но истовремено размислува и за други опции.

„Точно е, по завршување на сезоната повеќе нема да бидам тренер на Вардар“, ни потврди Алушовски, кој додаде: „Засега нема ништо дефинирано, сакам добро да размислам“.

Алушовски во Вардар дојде на крајот на декември 2019 година на местото на Едуард Кокшаров, кој привремено ја извршуваше тренерската задача по заминувањето на Писонеро. Поради пандемијата коронавирус, Лигата на шампионите доби поинаков тек, а оваа сезона во истото натпреварување стигна до осминафиналето каде беше сопрен од Веспрем.

Пред да се раздели со Вардар 1961, Алушовски има две важни битки, двојната титулата во домашниот шампионат.

За нов тренер на „црвено-црните“ се споменува Веселин Вујовиќ, но засега нема потврда од првиот човек на клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk