Вардарци одново се поразени од Пик Сегед, а тренерот Стевче Алушовски не го криеше своето незадоволство од прикажаната игра на своите избраници и истакна дека воведните 15 минути од второто полувреме биле пресудни за поразот.

„Одигравме доста добар меч посебно во фаза на нападот. Но, имавме лоши 15 минути во вториот дел. Исто како и во Скопје, промашивме неколку зицери во важни моменти и немавме идеја при „7 на 6“. На крајот, Сегед дојде до втора победа“, изјави Алушовски.

Со овој пораз Вардар останува на последната позиција на табелата во групата А, а шанса за втора овосезонска победа ќе има на дуелот со норвешкиот Елверум. Тој меч се игра во недела во Скопје.

sportmedia.mk