logo
logo
logo

Алушовски: Деулите со Металург секогаш се посебни, очекувам победа!

Vecer | 12.05.2021

Алушовски: Деулите со Металург секогаш се посебни, очекувам победа!

Утре почнува Ф4 во Купот на Македонија, истиот ќе се игра во салата во Автокоманда, а домаќин е РФМ.

Во првото полуфинале слите ќе ги одмерат Вардар1961 и Металург, дуелот е закажан со почеток во 16:30 часот. Во составот на „црвено-црните“ ќе го неа Анте Гаџа кој поради повреда на раката задобиена на натпревар од репрезентацијата мораше да изврши мал хируршки зафат и неколку седмици нема да тренира.

„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанаса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра.

Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно. Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници“, изјави пред мечот Стевче Алушовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk