logo
logo
logo

Алтипармаковски: Верувам во победа на Струга ТЛ во Велес

Vecer | 11.04.2021

Алтипармаковски: Верувам во победа на Струга ТЛ во Велес

По се она што се случи во полуфиналето во Купот, и поразот од Силекс, јасно е дека голема е тагата во таборот на Струга Трим Лум. Финалето беше сонот на сите во клубот, но така е тоа во фудбалот. Некогаш потребно е и од поразите да се дигнеш, да бидеш уште подобар.

Струга ТЛ денеска во меч од 26.коло му гостува на Борец во Велес.

За тоа што може да се направи на овој меч свое видување има Марјан Алтипармаковски…

Многу сум несреќен по поразот во полуфиналето од Купот. Од друга страна сега треба да се соземеме и да сфатиме дека се уште сме во игра за излез во Европа. Во Велес не очекува тежок меч, но јас верувам во победа на Струга Трим Лум на гости кај Борец“ истакна популарниот Маца.

Арлинд Шабани, големиот талент за стружани, кој најверојатно во јуни – јули ќе направи голем трансфер во Турција, за него се заинтересирани Касимпаша и Ризеспор, исто верува дека може да се дојде до победата…

По елиминацијата во Купот, секако дека сега сме фокусирани на следниот меч, а тоа е денешното гостување во Велес. Уверен сум дека ќе дадеме се од себе како би ги освоиле тие три бода“ посочи Шабани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk