logo
logo
logo

Алонсо пуштен на домашно лекување по операцијата на вилицата

Vecer | 15.02.2021

Алонсо пуштен на домашно лекување по операцијата на вилицата

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо (39), е пуштен на домашно лекување по операција на вилицата. Шпанецот беше опериран откако доживеа сообраќајна несреќа во Швајцарија кога го удри автомобил, додека возеше велосипед.

Несреќата се случила во близина на неговата куќа во Лугано, а Шпанецот веднаш бил пренесен во болницата, каде бил опериран.

„По одреден период на набљудување, Алонсо беше пуштен на домашно лекување. Алонсо сега ќе има краток период на целосен одмор пред постепено да продолжи со тренинзите за да се подготви за почетокот на сезоната“, се вели во соопштението од неговиот тим, Алпин Ф1.

Шпанецот на социјалните мрежи објави дека со нетрпение го очекува почетокот на новата сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk