logo
logo
logo

Алонсо продолжи со Сосиедад, отпадна варијантата Менхенгладбах

Vecer | 26.03.2021

Алонсо продолжи со Сосиедад, отпадна варијантата Менхенгладбах

Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо го продолжи договорот со Реал Сосиедад и ќе остане во овој клуб со што стави крај на гласините дека ќе го налседни Марко Розе на тренерската позиција во Борусија Менхенгладбах. Алонсо е тренер на Б тимот на Сосиедад во третата лига и добро му оди, а има договор до крајот на оваа сезона. Поради тоа се појавија информации дека Шпанецот ќе ја крене тренерската кариера на повисоко ниво со тоа што ќе работи во Бундес лигата.

Но нема да го направи тоа затоа што ќе остане во Сосиедад со кого потпиша договор до 30 јуни 2022 година.

Среќен сум како се работи овде. Сите добро се познаваат и се разбираат. Сакаме да продолжиме да растеме и да го помагаме проектот за создавање на одлични фудбалери за првиот тим“, изјави Чаби Алонсо.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk