Алкасер ја „убеди“ Борусија да го купи за 23 милиони евра

" alt=

Пако Алкасер е најпродуктивниот напаѓач во светот од почетокот на сезоната. Панецот кој во финишот на преодниот рок се согласи од Барселона да се пресели во Дортмунд како позајмен игра, постигнува гол на секои 24 минути.

Договор во врска со Алкасер што го постигнале двата клуба предвидува дека Борусија може да го откупи за сума од 23 милиони евра. Германците се задоволни од Шпанецот и по нецели два месеци размислуваат да ја платата бараната сума и тој да целосно да стане нивни фудбалер.

Алкасер во досегашниот тек од Бундес лигата има постигнато седум гола на четири одиграни натпревари, а синоќа постигна два гола за Шпанија во победата над Велс 4:1.

Доколку Борусија го откупи неговиот договор, Алкасер ќе стане третиот најплатен играч во тимот. Пред него ќе бидат само староседелците Марио Геце и Марко Ројс.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари