logo
logo
logo

АЛКАРАЗ - ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА, тој ќе владее со светот

Vecer | 08.05.2022

АЛКАРАЗ - ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА, тој ќе владее со светот

Од моментот кога Карлос Алкараз се појави на АТП турнејата, беше јасно дека тенискиот свет го доби долгоочекуваниот наследник на Рафа Надал на тронот на кралството на земјен терен, а како одминуваше времето стануваше се појасно дека ова момче од Мурсија е предодредено за поголеми работи.

Веќе имаме 19-годишник кој влегува во мечеви со двајца од тројцата најдобри на сите времиња и ги победува Надал и Ѓоковиќ, омилен кај обложувалниците .

Карлитос - да се почитува неговата желба, човек не сака да го викаат Карлос - веќе има еден освоен мастер турнир, пред два месеци славеше во Мајами, а вториот можеби му е мастерот во Мадрид во кој во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ цо 2:1 по тешка борба. Но, начинот на кој се пласираше во финалето на Мадрид опен, каде противник ќе му биде бранителот на трофејот Александар Зверев, е импресивен не само поради неговата возраст, туку и поради еден специфичен рекорд што го постави на тој пат.

Алкарас во четвртфиналето го победи својот идол Рафа Надал, а во полуфиналето најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ. Само дванаесет играчи успеаја да ги победат овие двајца на истото издание на турнир пред Карлитос, но младиот Шпанец е посебен по едно - прв успеа на земјена подлога!

Погледнете ја само импресивната листа на играчи кои успеаја да го направат она што го направи Алкараз во саботата: Федерер, Родик, Дел Потро, Медведев, Вавринка, Тим, Ферер, Налбандијан, Давиденко, Љубичиќ, Содерлинг. Но, сите тие беа многу поискусни и постари од денес Алкараз.

Дополнително, некои од нив го направија тоа во време кога Ноле и Рафа се уште не ги достигнале своите тениски врвови (Налбандијан, Ферер, Родик), а Карлитос во саботата ги победи првиот и четвртиот светски играч, актуелниот шампион на три од четирите Грен слемови.

На ова треба да се додаде дека Алкараз со победата над Ѓоковиќ повтори уште еден подвиг на својот идол Надал. Тој стана вториот тинејџер кој во тој момент го победи играчот кој го држи првото место на АТП листата. Сепак, тоа му успеа два дена по неговиот 19-ти роденден, додека Рафа првпат го скалпираше Федерер во Мајами во 2004 година, кога имаше неполни 18 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk