Најдобриот шаховски тим повторно во борба за врвот

Алкалоид со сите сили ќе ја брани европската круна

По историскиот резултат и освојувањето на шампионската титула минатата година, шаховсакиот клуб "Алкалоид" повторно има за цел да освои медал и покрај силната конкуренција

Најуспешниот шаховски клуб во Македонија, Алкалоид, кој воедно е актуелен Европски шампион, годинава повторно ќе биде дел од најсилното клупско натпреварување со амбиции за висок пласман. Турнирот ќе започне в недела, а ќе трае до 14 октомври во Анталија, Турција.

По историскиот резултат и освојувањето на шампионската титула минатата година, шаховсакиот клуб "Алкалоид" повторно има за цел да освои медал, и покрај силната конкуренција. За главен фаворит на турнирот важи екипата на Globus од Русија, која беше шампион во 2015 година, додека шампионската титула е мета и за Mednyi Vsadnik и LegacySquareCapital исто така од Русија, како освојувачите на пехарот во 2013 година AVE Novy Bor од Чешка и Odlar Yurdu од Азербејџан.

Составот на Алкалоид е ист како и минатата година, а во него се тројцата најдобри македонски шахисти Трајко Недев, Филип Панчевски и Драгољуб Јаќимовиќ, како и по двајца велемајстори од Кина, Украина и Русија.

Недев Трајко е член на Македонската шаховска репрезентација, со која го освои сребрениот медал за индивидуален резултат на Олимпијадата вo 1996 година и на ЕП во 2003 година.

Филип Панчевски е дел од македнкиот национален тим, а шампионскиот пехар го подигна во 2010, 2012, 2014 и 2016 година.

Јакимовиќ Драгољуб како член на Македонската шаховска репрезентација го освои златниот медал за индивидуален резултат на Олимпијадата во 2000 година.

Динг Лирен е член на кинеската репрезентација и освојувач на златниот медал на Олимпијадата во 2014 и на СП во 2015 година.

Ју Јангуи исто така е член на кинеската репрезентација со која освои златен медал на Олимпијадата во 2014 година.

Елјанов Павел е најдобриот украински шахист во моментов кој со својата репрезентација освои две олимписки злата.

Криворучко Јури исто така е член на Украинскиот национален тим, а со својата репрезентација ја освои титулата во 2013 година и континуирано е член на екипата на Алкалоид во последните шест години.

Јаковенко Дмитри е Европски шампион за 2012, како и Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година. Со репрезентацијата на Русија беше шампион на ЕП во 2007 и е носител на сребрениот медал за 2012 година.

Андреикин Дмитри е Светски јуниорски шампион за 2010 и шампион на Русија за 2012 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари