logo
logo
logo

Суперлига:

Алкалоид победи во Битола, Вардар убедлив против Тиквеш

Vecer | 29.03.2023

Алкалоид победи во Битола, Вардар убедлив против Тиквеш

Тимот на Вардар ја заврши својата работа во шестото коло од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига совладувајќи го Тиквеш во „Јане Сандански“ со 35:25. Гостите од Кавадрци се „држеа“ во првото полувреме, но потоа во второто, Вардар „додаде гас“ и брзо го одлучи натпреварот во своја корист. Предноста од десет гола црвено-црните ја создадоа во последните 20-тина минути од натпреварот.

Првиот дел помина во изедначена игра и на пауза се замина со 15:15. Сепак, набрзо во вториот следуваа неколку кратки серии на Вардар со кој ја обезбеди победата.

Георгиевски и Манасков со по шест гола беа најефикасни, а Томовски имаше 14 одбрани. Хамзиќ и Симиќ, пак, со по пет гола го предводеа Тиквеш.

Во натпреварот кој се одигра претходно Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен во Битола беше поразен од Алкалоид со 30:35. Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Мартин Серафимов и Божидар Илиески. Во поразениот табор се истакна босанскиот интернационалец Павле Петровиќ со осум погодоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk