logo
logo
logo

Алисон стана првиот голман во историјата на Ливерпул кој постигнал гол: Ова е за мојот татко!

Vecer | 17.05.2021

Алисон стана првиот голман во историјата на Ливерпул кој постигнал гол: Ова е за мојот татко!

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер едвај ги задржа своите емоции по голот за победа од 2:1 против Вест Бромвич Албион, кој практично го остави Ливерпул во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Бекер не само што го постигна првиот гол во својата кариера, туку стана и првиот голман кој постигнал гол за Ливерпул во клупската историја.

„Целта беше само да влезам и, ако е можно, да им помогнам на моите соиграчи влечејќи дефанзивец со мене. Сепак, никој не ме следеше и имав среќа што топката дојде директно кон мене и успеав да ја внесам во мрежата“, изјави тој по мечот.

„Ова е еден од најдобрите голови што сум ги видел во животот. Не ме прашувај за објаснување, затоа што немам. Вакви работи се случуваат во фудбалот. Имам премногу емоции во моментов. Ми се случија многу нешта во последните неколку месеци, но фудбалот е мојот живот. Играв со татко ми од кога се сеќавам. Се надевам тој го виде овој гол и сигурен сум дека сега слави со Господ до него“, изјави Алисон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk