logo
logo
logo

„Алиоски заслужува нов договор, неговите игри ме направија горд“

Vecer | 31.05.2021

„Алиоски заслужува нов договор, неговите игри ме направија горд“

Главниот оперативец на Лидс, Виктор Орта, откри за тамошните медиуми дека има разговор со Езцан Алиоски треба да остане во тимот. Македонкиот репрезентативец ја покажал својата големина, го давал максимумот, иако немал голем договор како останатите.

„Алиоски има важечки договор со нас до 30. јуни. Тој ја разбира нашата позиција, јас ја разбирам неговата позиција. Во изминатите два дена, имавме добра конверзација 2лице во лице“.

Му поставив три прашања, неговите одговори ме направија среќен. Сега се зависи од него, треба да одлучи каде сака да игра наредната сезона. Веќе не се прашува Лидс, станува збор за личен избор. Мора да го пофалам, тој немаше голем договор, но начинот на кој играше на последните 10 меча кога знаеше дека може да биде слободен, ме направија горд. Тоа ме убеди дека заслужува нов договор“, открива главниот оперативец на Лидс, Виктор Орта.

Орта потенцира дека нема да биде чудо ако Алиоски остане во клубот и покрај тоа што имаше понуда од Галатасарај.

„Ме тера да размислувам, дали тој игра така за да се понуди на нов клуб? Но, тој имал понуди и порано – знам дека имал понуди. Но, мислам дека Џани игра на ова ниво затоа што сака да остане. Неговото однесување од почеток до крајот беше апсолутно неверојатно“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk