По пласманот на ЕУРО 2020 и по одличните игри и резултати во последно време на репрезентацијата на Македонија, нормално е нашите фудбалери да бидат барани и од светските медиуми за интервју,а коментари и слично. Па така денеска на официајниот сајт на ФИФА, можете да прочитате интервју со нашиот фудбалери Езџијан Алиоски, кој говори за повеќе работи за него и неговата кариера, за репрезентацијата и слично…
На прашањето кој е следниот предизвик, Алиоски не криеше дека станува збор за пласман на СП во Катар 2022 година.
“Па, како и секое дете кое тренира фудбал, така и јас растев со сонот дека некогаш ќе играм на СП, на ЕП и во ЛШ. Една од тие две цели остварив, со репрезнетацијата на Македонија ова лето ќе играм на ЕУРО. Секако дека следен предизвик, следен чекор за мене и репрезентацијата, следна цел е пласманот на Мундијалот во Катар. Ете, ја победивме Германија во групата. Зошто да не се надеваме на ваков успех?“ се запрашува популарниот Џани.
Тој имаше што да каже и за својот капитен, Горан Пандев…
„Тој е неверојатен играч. Некогаш си помислувам што ќе беше, каков ќе беше ако имаше 10 години помалку. Кон нас не се однесува како ѕвезда, тој секогаш е тука до нас кога е најпотребно“.
За тоа што може да се очекува од настапот на Македонија на ЕУРО и дали со победата над Германија ги исплашивте ривалите, Алиоски исто така имаше свој коментар…
„Искрено нам ни одговара да бидеме во позиција на аутсајдери во групата. Уживаме да покажуваме што претставува Македонија. Отсекогаш сум велел дека нашиот регион е преполн со таленти, само потребна е подбра инфраструктура“ рече покрај другото македонскиот репрезентативец.
sportmedia.mk