logo
logo
logo

Алиоски веќе потпишал со Галатасарај, но крие поради фановите на Лидс

Vecer | 06.05.2021

Алиоски веќе потпишал со Галатасарај, но крие поради фановите на Лидс

Езгијан Алиоски дефинитивно во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Галатасарај. Македонскиот репрезентативец и турскиот тим си подале рака, но Алиоски побарал договорот да биде објавен по завршувањето на сезоната, открива „Фотомак“. 

Причината поради која е одложена промоцијата на нашиот фудбалер се навивачите на Лидс. Според овој медиум, Алиоски се плашел од нивната реакција. Добро е позната омразата меѓу Лидс и Галата, таа трае од пред 20 години. Во тепачка меѓу фановите на двата тима, двајца навивачи на англискиот тим го загубија живтот во Истанбул.

Останува по завршување на сезоната договорот да биде и официјализиран.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk