logo
logo
logo

Али Адем: Тешко гостување кај “пандевци“, но Шкупи ќе оди по трите бода!

Vecer | 11.04.2021

Али Адем: Тешко гостување кај “пандевци“, но Шкупи ќе оди по трите бода!

Заврши ерата на Хасна Озер како шеф на струката во Шкупи. Се чини дека чаирчани, и покрај желбите и амбициите, ги загубија шансите оваа сезона да станат шампиони. Шкендија им бега цели 10 бода, па логично беше да дојде до смена на клупата. Денеска во Струмица, на мечот со Академија Пандев, екипата ќе ја води Јетон Муслиу, еден од тренерите во младинската школа на клубот.

Али Адем, младиот играч за врска, кој зимава дојде како големо засилување од грчкиот Арис, инаку екс фудбалер на Вардар, за мечот со Академија Пандев изјави.

Секако дека ќе биде тежок натпревар, бидејќи ние играме во Струмица како гостин. Сепак верувам дека можеме да дојдеме до трите бода. Максимално сме мотивирани, знаеме дека домашниот тим ќе оди на победа, тие се во битка за опстанок, затоа велам дека нема да биде нималку лесно. Наше е да одиграме добро, да победиме и да освоиме тие три бода“ заклучи Адем.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk