logo
logo
logo

Алекс Меклиш: Убеден сум дека Алиоски сака да остане во Лидс!

Vecer | 14.05.2021

Алекс Меклиш: Убеден сум дека Алиоски сака да остане во Лидс!

Остануваат уште шест недели до официјалното истекување на договорот на Езџијан Алиоски со Лидс. Засега нема ништо од продолжување на истиот, она што клубот од „Иланд Роуд“ му го понуди за нашиот репрезентативец тоа не е доволно, па затоа се шпекулира дека Џани веќе се договорил со Галатасарај, иако од Истанбул доаѓаат вести дека тој трансфер е под знак прашалник.

За тоа што може да направи во последен момент Лидс со цел да го задржи својот офанзивен лев бек за медиумите во Англија коментираше Алекс Меклиш, поранешниот селектор на Шкотска.

Кога ќе погледнете се она што Алиоски направи за Лидс во текот на сезоната ќе видите дека тоа е фантастично. Се разбира дека станува збор за договор кој е со повеќе пари за Алиоски. Не верувам дека има клубови кои би можеле да му понудат повеќе пари од Лидс. Не можам да замислам дека тој нема да продолжи да игра за Лидс, јас сум убеден дека Џани сака да остане на `Иланд Роуд`. Очекувам дека во последен момент Лидс ќе му понуди подобар договор и ќе успее да го задржи“ изјави Меклиш за репрезентативецот на Македонија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk