logo
logo
logo

Алегри подготвува револуција во Јувентус, позната е судбината на Роналдо

Vecer | 28.04.2021

Алегри подготвува револуција во Јувентус, позната е судбината на Роналдо

Во Италија на големо се зборува дека Јувентус е подготвен да го врати Масимилијано Алегри, експериментот со Прило не успеа. „Старата дама“ се бори за место во ЛШ, откако девет години по ред го освојуваше првенството.

Алегри би се вратил во тимот после две години, во кои немаше тренерски ангажман. Челниците на клубот му се заблагодарија по пет освоени титули, на негово место дојде Маурицио Сари, кој после година дена беше сменет со Прило, кој не се снајде.

Сега во Јувентус го сакаат тренерот, кој го однесе во две финалиња во ЛШ. Враќањето на Алегри ќе значи револуција, која во тимот ја нема од 2019 година. Се смета дека тој ќе го извлече најдоброто од фудбалерите, а истовремено ќе го пушти Кристијано Роналдо, неговиот став е дека токму Португалецот ја нарушува концепцијата на игра.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk