logo
logo
logo

Алегри имал „огромен“ услов за да се врати на клупата на Јуве - Роналдо да замине!?

Vecer | 29.04.2021

Алегри имал „огромен“ услов за да се врати на клупата на Јуве - Роналдо да замине!?

Масимилијано Алегри е многу блиску до враќање на клупата на Јувентус, но за тоа има неверојатен услов. Како што пишува „Туто Меркато“, наводно тренерот барал од раководството да го раскине договорот со Кристијано Роналдо, за тој да седне на клупата на „Старата дама“.

И во минатото се зборуваше за заминување на Роналдо, но тоа ќе биде извесно ако тимот не избори место во Лигата на шампионите идната сезона, меѓутоа во секој случај ова е „огромен“ услов.

Исто така Алегри, наводно, побарал и заминување на Рамзи и Рабио, бидејќи според него, имаат високи примања според она што го прикажуваат на теренот.

Јуве ја игра најлошата сезона во последната деценија, и токму од тука гласно се зборува дека Алегри ќе го замени Пирло, кој ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk