logo
logo
logo

Алегри: Да бидеме реални, сега треба да останеме надвор од зоната за испаѓање

Vecer | 29.01.2023

Алегри: Да бидеме реални, сега треба да останеме надвор од зоната за испаѓање

Тренерот на ЈУвентус Макс Алегри призна дека Јувентус сега мора „да биде свесен за позицијата што ја има на табелата“ откако беше изненадувачки поразен од Монца со 2-0 на домашен терен. „Правиме премногу грешки. Мислам дека никогаш не сме играле такво лош прво полувреме и треба да размислиме за тоа. Беше подобро по паузата, но мора да земеме одговорност за севкупниот настап“, изјави Алегри.

По казната од 15 бода, овој резултат значи дека Монца го прескокна Јувентус на табелата во Серија А. Алегри предупредува дека Јуве лесно може да се најде и во зоната за опстанок.

„Мораме да бидеме свесни за позицијата што ја имаме на табелата во овој момент, а не за 38-те бода кои ги освоивме. Сега имаме 23 бода и мора да се однесуваме така. По денешниот пораз треба да работиме на таа ситуација, која моментално е вистинска. Секој натпревар е одлучувачки, треба што побрзо да излеземе од овој вител. Мораме да ги освоиме бодовите за да обезбедиме сигурност во Серија А. Ситуацијата е превртена наопаку, но ова е реалноста во овој момент и тоа мора да го признаеме, во спротивно ќе завршиме лошо“, вели Алегри.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk