logo
logo
logo

Алборг решен да направи дрим-тим: По Хансен и Бјорнсен, доаѓа и Палмарсон

Vecer | 26.02.2021

Алборг решен да направи дрим-тим: По Хансен и Бјорнсен, доаѓа и Палмарсон

Данскиот ракометен првак Алборг во следните сезони би требало да биде хит во Лигата на шампионите и со тоа да си го заземе своето место при врвот на европскиот ракомет. Билетите за идната сезона се распродадени (иако не е сигурно дали воопшто ќе има публика на трибините), а причините се одлични. Алборг договори неколку звучни имиња со кои ќе атакува на европската титула. Микел Хансен ќе го напушти ПСЖ по истекот на договорот и од 2022 година ќе настапува за Алборг.

Петкратниот дански шампион пополека гради екипа која ќе им покаже мускули на гигантите во освој спорт. По данскиот репрезентативец во Алборг дојде и норвешкиот репрезентативец Кристијан Бјорнсен, светскиот шампион Јакоб Хов, потоа Исланѓанецот Сигвалди Гудјонсон и ново име би требало да биде и сонародникот Арон Палмарсон.

Ростерот на Алборг е сочинет од скандинавци (Данци, Швеѓани, Норвежани и Исланѓани). Се обидоа да го приберат и Сандер Сагосен од Кил меѓутоа засега не успеваат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk