logo
logo
logo

Алборг никогаш поголем фаворит, но Вардар 1961 никогаш не се предава!

Vecer | 20.10.2021

Алборг никогаш поголем фаворит, но Вардар 1961 никогаш не се предава!

Вардар 1961 дене ска (18:45 часот) му гостува на Алборг во рамките на 5. коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак по серијата од три меча без пораз, на домашен терен падна пред Монпеље, па токму на ова тешко гостување има само една цел – да се врати на старите патеки и да потврди дека сезона навистина има што да понуди иако направи бројни промени во составот.

Пресметката меѓу овие два тима не беше одамна, Алборг во Скопје беше совладан со 30-28. И покрај овој резултат, улогите се промените, Вардар е аутсајдер, домашниот тим поради поддршката од публиката, но и лидерската позиција во групата А убедлив фаворит.

Клучот е цврстата одбрана. Најсилното оружје не функционираше во минатото коло против Монпеље, а Веселин Вујовиќ и неговите момци имаа доволно време да ги поправат грешките за враќање на победничките патеки.

На оваа средба во составот ќе го нема Борко Ристовски, кој во Скопје остана поради здравствени проблеми.

Вардар 1961 има пет бода, се наоѓа на петото место, има ист број на бодови колку третопласираниот Пик Сеге и Монпеље.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk