logo
logo
logo

Албанија даде 85 милиони евра за новиот стадион, а поради грешка сега бара помош

Vecer | 18.03.2021

Албанија даде 85 милиони евра за новиот стадион, а поради грешка сега бара помош

Стадонот „Ер Албанија“ во Тирана беше изграден пред две години, и чинеше дури 85. милиони евра. Но, од ден на ден се јавуваат проблеми со теренот.

Неодамна е пронајдена причина зошто е тоа така. Во прашање е недостаток на сончева светлина, а станува збор за голема грешка на архитектот кој го проектирал стадионот, пишува англискиот „Тајмс“ пред дуелот Албанија – Англија кој треба да се одигра токму на тој стадион.

Големата кула која и делот од трибината ја прекриле едната страна на теренот. Едноставно никој не размислувал на тоа кога го граделе, па така еден дел од теренот цело време е во сенка.

Албанците веќе побарале помош од експерти од Велс. Ќе бидат поставени вештачки светла за ситуацијата да се подобри.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk