logo
logo
logo

Албанецот Стракоша за можноста да се сели во Дортмунд: Би лажел ако кажам дека не сум заинтесиран

Vecer | 09.02.2021

Албанецот Стракоша за можноста да се сели во Дортмунд: Би лажел ако кажам дека не сум заинтесиран

Томас Стракоша е една од опциите за голот на Борусија Дортмунд идната сезона. Швајцарецот Роман Бурки е на излезна врата од тимот, и се бара негова замена.

Албанецот во последно време има проблеми со Лацио, и нема настапи, па би можел да си замине.

Во едно интервју тој кажа дека е заинтересиран за одење во Борусија.

„Тоа е голем клуб. Ќе лажам ако кажам дека не сум заинтересиран“, рече Стракоша.

Прва опција, сепак, останува Бартолмеј Драговски, а исто така една од опциите е и Петер Гулаши од Лајпциг.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk