logo
logo
logo

Алавес го отпушти тренерот - Sportmedia.mk

Vecer | 06.04.2021

Алавес го отпушти тренерот - Sportmedia.mk

Раководството на шпанскиот прволигаш Алавес доцна синоќа му врачи отказ на тренерот Абелардо Фернандез поради лоши резултати.

Алавес во последните 13 натпревари оствари само една победа, две нерешени и дури 10 порази во сите натпреварувања и е последнопласиран во Ла Лига со 23 бодови, три помалку од зоната која обезбедува опстанок во прволигашката конкуренција.

Абелардо се врати во Алавес пред два месеци, а претходно го водеше клубот неколку сезони. Под негово водство Алавес обезбеди опстанок во Ла Лига во сезоната 2017/18, а следната сезона го освои 11 место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk