На саудиски Ал Итихад не му требаше ниту еден ден за да го објави најголемото засилување во клупската историја: Карим Бензема. Французинот кој пред само неколку дена обзнани дека си заминува од Реал (М), денеска стана уште еден дел од новите ѕвезди во азиската лига, каде веќе следнава сезона можеби ќе ги гледаме и Жорди Алба, Серхио Бускетс, Лео Меси или Серхио Рамос.

Актуелниот носител на „Златна топка“ е претставен на социјалните мрежи на клубот, на кое се најде и видео од Французинот како постигнува голови во Реал Мадрид, а потоа слики од неговиот договор и како позира со дресот.

Бензема следните три сезони ќе игра за Ал Итихад за кои ќе заработи по 100 милиони евра од сезона, а покрај тоа ќе стане и амбасадор на кандидатурата на Саудиска Арабија за СП 2030 година, за што ќе добие бонус од уште 20 милиони евра.


sportmedia.mk