Според информациите од Франција, Милан договори нов голман. Покрај долгите и мачни преговори со Џанлуиџи Донарума, актуелниот чувар на мрежата на Милан, управата очигледно работеше паралелно на доведување на негова конкуренција, а можно е и замена со оглед на тоа како Донарума се однесува во моментов.

Се работи за досегашниот голман на Лил, Мајк Мањан со кого Милан постигнал договор до 2026 година со вредност од 3 милиони евра по сезона.

Чуварот на мрежата кој во моментов има 25 години, го чини Милан 15 милиони евра, но сепак се ќе се стопира доколку Донарума реши дефинитивно да остане. Тоа  не е веќе така реална опција, а Мањан покрај Милан, на маса го има и тимот на Борусија Дортмунд од кого исто така има отворена понуда.

 

sportmedia.mk