logo
logo
logo

Ако во баражите за опстанок играат Силекс и Ренова тогаш ќе има ждрепка!

Vecer | 14.05.2021

Ако во баражите за опстанок играат Силекс и Ренова тогаш ќе има ждрепка!

За разлика од минатата сезона во ПМФЛ, кога немаше испаѓање поради “замрзнување“ на Лигата, сега постои можност дури четири екипи да ја напуштат елитата и да одат во понизок ранг. Покрај Беласица и Вардар, во баражите за опстанок би играле Силекс, Ренова или А. Пандев.

Е сега ако во тие мечеви против второпласираните екипи од ВМФЛ – ИСТОК и ВМФЛ – ЗАПАД играат Силекс и Ренова, тогаш ќе има ждрепка и тоа поради фактот дека и Силекс и Ренова гравитираат кон западот. Можеби постои нејаснотија за кратовци, но факт е дека и дефинитивно Силекс ако испадне ќе игра во ВМФЛ – ЗАПАД, без дилеми ако тие постојат за некои.Се разбира дека ако и Силекс и Ренова загубат во баражите, тогаш ќе мора од ВМФЛ – ЗАПАД да испадне уште една екипа покрај Вардар Форино и Дрита. Тоа би биле Тетекс или Велазареми, и тоа во зависност од резултатите во оваа лига во утрешното последно коло.

Во случај ако А. Пандев игра во баражите за опстанок, тогаш ќе нема ждрепка. Тие би играле со Тиквеш а Силекс или Ренова против Охрид или Велешта.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk