Ако ве викне Роналдо на вечера… не прифаќајте, тој не е нормален: Поранешен соиграч откри шокантни детали за Португалецот

Патрис Евра, кој му беше соиграч на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, даде неколку доста интересни изјави за славниот португалски фудбалер.

Роналдо беше одличен во првото коло против Шпанија каде постигна хет-трик против моќната Шпанија и така и донесе голем бод на својата репрезентација, резултатот 3:3.

Одличната партија на Роналдо е најдобар доказ за желбата за победа, а баш за таа желба зборуваше поранешниот соиграч на Роналдо- Патрис Евра.

Евра раскажа неколку интересни анегдоти кои најдобро го опишуваат карактерот на Португалецот.

-Играше пинг понг против Рио Фердинанд и загуби. Ние викавме, се шегувавме, а тој се изнервира... Тогаш го прати својот роднина да му купи маса за пинг понг. Тренираше дома два дена, а потоа се врати и го победи Рио пред сите нас. Таков е Кристијано... Затоа не сум изненаден што сака уште една Златна топка, што сака да го освои Светското првенство, откри Евра.

Иако има 33 години, Роналдо продолжува да ги гази противниците. Постигна 44 голови на 44 натпревари за Реал оваа сезона. Им помогна на Реал Мадрид повторно да ја освојат Лигата на шампионите.

Евра тврди дека Португалецот е опседнат со работата на себе.

-Ако Кристијано ве повика на вечера кај него, не ја прифаќајте поканата, топло ви препорачувам, низ насмевка вели Евра, додавајќи:

-Ми кажа „Патрис, дојди после тренинг". Јас отидов, а бев многу уморен. Седнувам така на маса, а на неа само салата и бело месо, пилешко... Мислев во ред, ништо страшно... За пиење имаше само вода, од сок ништо... Се надевав дека после тоа ќе дојде некое добро месо, но ништо не се појави. Тој изеде, стана и почна да си игра со топката, да изведува некои трикови, а потоа ми кажа да станам за да си додаваме, така што топката нема да ни падне на под...

-Бев затечен, се прашував дали можам до крај да изедам, тој само ми кажа „ајде да играме". После тоа предложи пливање, а потоа отидовме во сауна и џакузи.

-Тој е машина со него тренингот никогаш не престанува, вели Евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари