Никако да се смири фудбалската војна меѓу УЕФА и првиот човек на Европската куќа на фудбалот Александер Чеферин од една страна и Реал Мадрид, Барселона и Јувентус од друга страна. Тоа се клубовите кои до сега не ја признаа грешката за Суперлигата, туку напротив, нема ден да не се произнесат дека таа идеја останува, посебно ова станува збор за Реал и Јуве.

Вчера УЕФА кажа што кажа. Имено Чеферин, кој не крие дека и натаму е гневен на целиот случај околу Суперлигата, се договорил со оние 9 клубови кои изразија каење, да бидат казнети со по 5% од приходите од Европа. Тоа секако за нив не е којзнае колкава голема сума, затоа се смета дека тие казни се симболични. Уште повеќе ако се знае дека Чеферин рече дека УЕФА тие пари ќе ги прераспредели за развој на фудбалот, пред се на младинскиот фудбал.

За останатите три клуба, Реал, Јуве и Барса, казните дополнително ќе се знаат. Има некои “гласови“ од УЕФА кои велат дека можеби тие ќе бидат исфрлени од ЛШ за следната сезона. Секако дека тоа за Реал, Јуве и Барса би било огромна казна, тоа за нив ќе бида таква штета од несогледливи размери посебно по пост корона кризата.

Е сега, дали навистина ќе биде така останува да се види, иако УЕФА и Чеферин имаат намера и тоа како да се одмаздат, па и со причина. Но од друга страна и УЕФА и ЛШ ќе претрпе финансиски штети без настапот на овие три клуба кои заедно тежат дури 20 титули ЛШ. Реал (13), Барса (5), Јуве (2).

Да, навистина на што ќе личи Лигата на Шампионите следната сезона ако во неа ќе ги нема гигантите Реал Мадрид, Барселона и Јувентус?

sportmedia.mk