logo
logo
logo

„Академците“ со цел плен од Гостивар, Куманово излезе со сивилото

Vecer | 05.12.2021

„Академците“ со цел плен од Гостивар, Куманово излезе со сивилото

Дербито во „Младост“ понуди одлична битка, на крајот победата ја однесоа кошаркарите на Академија ФМП кои славеа против Гостивар со 64-70 во последниот меч од 9. коло.

Ајви со 24 поени и пет скока го предводеше скопскиот тим, зад него беше Крстајиќ со 18 поени. Академија ФМП со овој триумф го дели тетото место на табелата со Работнички, додека пак Гостивар е зад нив со бод помалку.

Домаќинот го имаше почетното водство, но гостите со серија од 9-0, брзо го наметнаа своето темпо, поведоа со 10-19, а потоа со 12-22. Избраниците на Александар Петровиќ не им дозволија на гостиварци да направат пресврт во втората четвртина, иако успеаја да намалат на 26-27. На полувремето дојдоа до нова пристојна позитива (28-36).

И во третиот периот контролата ја имаа гостите, но Готивар притискаше, па следеа крајно неизвесни десет минути, во кое водството се менуваше. Ајви на нецела минута, постигна тројка за 61-65. Тодоровиќ врати во иста мера за 64-65. Одново најефикасниот кај гостите, Ајви, погоди три од четирите слободни фрлања, па ФМП беше на плус четири 64-68. Гостивар не го искористи еден напад, Бакоч го постави крајниот резултат (64-70).

СЕ ВРАТИ ВЕРБАТА ВО КУМАНОВО

Куманово успеа да стави крај на серијата од седум победи, на домашен терен го совладан незгодниот состав на Феникс со 103-98 за втор триумф оваа сезона.

Домашните кошаркари беа подобар противник во првото полувреме. На стартот на втората четвртина имаа двоцифрено водство од 41-30, на одморот заминаа со резултат (60-51). Дебитантот се обидуваше да го наруши ритамот, но овој пат наиде на мотивиран противник. Куманово имаше силна желба да излезе од сивилото.

Зивчевиќ и Глигоријевиќ беа лидери, заедно постигнаа 44 поени, на другата страна Морган и Џонс постигнаа 47 поени.

За дебитантот ова беше петти пораз сезонава во која гласи за еден од најнезгодните противници.

ТАБЕЛА: Пелистер 18, МЗТ Скопје Аеродром 17. Работнички 15, Навико Академија ФМП 15, Гостивар 14, ТФТ 14, Еуро Никел 2005 13, Кожув 13, Феникс 13, Куманово 11, МЗТ Скопје Уни Бнка 10, Ангели 9;


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk