logo
logo
logo

Ајнтрахт спаси бод против Мајнц, но се уште е во игра за ЛШ

Vecer | 09.05.2021

Ајнтрахт спаси бод против Мајнц, но се уште е во игра за ЛШ

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт направи кикс во трката по четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите. Четата на Ади Хитер денеска беше домаќин на Мајнц во 32.коло на Бундес лигата и неочекувано губеше се до финишот кога изедначија и спасија бод. Мајнц поведе во првото полувреме со погодокот на Онисиво, а ремито го обезбеди австралискиот репрезентативец Ајдин Хруштиќ во 86. минута.

Со овој бод Ајнтрахт остана на петтото место со поен помалку од четвртопласираната Борусија Дортмунд, а Мајнц е на позиција број 12.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk