logo
logo
logo

Ајнтрахт слави победа на „Вестфален“ по 11 години, Шалке продолжува да тоне (видео)

Vecer | 03.04.2021

Ајнтрахт слави победа на „Вестфален“ по 11 години, Шалке продолжува да тоне (видео)

Екипата на Борусија Дортмунд доживеа пораз на домашен терен од Ајнтрахт со 1:2 во 27. коло на Бундес лигата што е лоша увертира пред мечот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Нико Шулц со автогол донесе водство за Ајнтрахт, а пред првото полувреме изедначи Матс Хумелс. Во вториот дел Ајтрахт постигна гол кој беше поништен со ВАР, но сепак „орлите“ стигнаа до победата со голот на Андре Силва во 87 минута.

Инаку ова е прва победа на Ајтнрахт на култниот „Вестфален“ после 11 години.

Баер Леверкузен го победи Шалке кој се подлабоко ита кон Цвајте. „Фармацевтите“ победија со 2:1. Аларио и Шик постигнаа голови за Баер, а за Шалке стрелаше Хунтелар.

Мајнц – Арминија 1:1, Волфсбург – Келн 1:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk