Неверојатно искажување на новинар на англискиот Скај Спорт поврзано со газдите на клубовите во Премиер – лигата. Познато е дека во последно време во мода е клубовите од најквалитетната лига во светот да бидат купувани од пребогати бизнисмени од САД.

Па така новинарот Кејв Солкехол, во емисија во живо го кажа и следното.

Еден од сопствениците на еден од шесте најголеми клубови дојде на натпревар, седна во ложата и не знаеше за кого треба да навива. Интересно, го праша тој што седи до него кои се НАШИТЕ. Замислете, тој не ја знаеше бојата на дресот на својот клуб. Неверојатно!“.

По оваа почна лицитацијата за кој клуб станува збор. Фановите се прашуваа дали тоа е Манчестер Јунајтед или Арсенал. На крај сите сметаат дека станува збор за едно лице од семејството Глејзер, кое се сопственици на Јунајтед.

Инаку сите се сложуваат дека таквите газди го уништуваат фудбалот.

 

sportmedia.mk