НОВА ТРАНСФЕР БОМБА ОД "САН СИРО"

Агуеро во Милан за 80 мил. фунти

Италијанскиот калчо гигант сакаше да ги осигура услугите на Агуеро за време на изминатиот летен преоден рок, но спектакуларниот трансфер пропаднал поради неуспешните преговори помеѓу челниците на Манчестер Сити и Арсенал околу трансферот на Алексис Санчез.

Ако му се верува на најтиражниот британски таблоид "Сан", тогаш италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Истиот медиум ја пласираше и информацијата дека седумкратниот европски клупски шампион е подготвен да одвои рекордни 80 мил. фунти за услугите на поранешниот фудбалер на Атлетико (М).

Италијанскиот калчо гигант сакаше да ги осигура услугите на Агуеро за време на изминатиот летен преоден рок, но спектакуларниот трансфер пропаднал поради неуспешните преговори помеѓу челниците на Манчестер Сити и Арсенал околу трансферот на Алексис Санчез.

Во финишот од летниот преоден рок Сити понуди 60 мил. фунти за услугите на Санчез, но таквата понуда беше одбиена од челниците на Арсенал.

Репрезентативецот на Чиле ќе има статус на слободен фудбалер на крајот на актуелната сезона, а поголемиот дел од англиските медиуми се убедени дека Санчез веќе има договор со Сити. Доколку се пресели на "Итихат", Санчез ќе има статус на стандарден првотимец, а Агуеро ќе мора да побара нова средина затоа што ќе му биде лимитирана минутажата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари