logo
logo
logo

Агуеро се извини за смешната „паненка“

Vecer | 09.05.2021

Агуеро се извини за смешната „паненка“

“Сакам да им се извинам на моите соиграчи, спортското и техничкото раководство и навивачите за промашениот пенал. Тоа беше лоша одлука и преземам целосна одговорност за тоа”, напиша Агуеро на Твитер.

Менаџерот Пеп Гвардиола одби да го критикува напаѓачот за она што го направи. 

“Да постигнеше гол, сите ќе кажеа дека е генијалец. Јас секогаш ги охрабрував играчите да не донесуваат свои одлуки на теренот. Паненка, десно, лево. Требаше само да избере. Тој ја донесе одлуката, никој не ја очекуваше , но ако тој беше убеден дека тоа е вистинскиот избор во ред.  Секој знае што направи Серхио за сиот овој период додека е тука во Сити”, изјави Гвардиола. 

Сепак, шпанскиот тренер призна дека пеналот бил пресвртница на натпреварот.

“Не можеме да негираме дека 2:0 на полувреме е сосема друга работа. Многу нешта се случија во второто полувреме. Имавме проблеми, но по влегувањето на Илкај Гундоган и Фил Фоден игравме подобро. На крајот, сепак , тие го постигнаа нашиот втор гол, изјави Гвардиола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk