logo
logo
logo

Агуеро најавил заминување од Сити, сака да се пресели во Шпанија

Vecer | 05.02.2021

Агуеро најавил заминување од Сити, сака да се пресели во Шпанија

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната. Според најновите вести од Англија, Аргентинецот ќе стане слободен играч ова лето и наводно е подготвен да го смени тимот.

На „Етихад“ веќе започнале да бараат соодветна замена за нивниот најдобар стрелец во историјата, па не случајно денеска се појавија информации дека „граѓаните“ се подготвени да ја платат откупната клаузула за Халанд од Борусија (Д) и да го направат идеална замена за Агуеро.

Кадена Сер денеска објави дека Агуеро е подготвен да ја напушти Англија и дека неговата желба е кариерата да ја продолжи во Барселона. Каталонците исто така бараат голгетер, а Агуеро се надева дека ќе биде повикан да заигра со неговиот сонародник и пријател Лионел Меси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk