logo
logo
logo

Агим „стрела“ повторно за Кукс, испуштен триумф во последните моменти

Vecer | 12.03.2021

Агим „стрела“ повторно за Кукс, испуштен триумф во последните моменти

Во рамките од 24. коло од шампионатот на Албанија, тимот на Кукс предводен од нашиот интернационалец Агим Ибраими на домашен терен одигра 1:1 против тимот на Аполонија.

Ибраими беше стрелец за својот тим, откако беше прецизен од белата точка во судиското продолжение од првиот дел.

Сепак, Кукс не успеа да освои полн плен затоа што прими гол во 85. минута и мечот заврши 1:1.

Со овој гол, 11 по ред сезонава, Ибраими застана на чело на листата на стрелците во шампионатот на Албанија, што самото по себе кажува дека напаѓачот има уште многу фудбал во него, и дека во моментов се наоѓа во врвна форма.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk