Не е се розево како што изгледа во македонската репрезентација

Адис Јаховиќ со обвинувања до селекторот Ангеловски: Дадов 30 гола и ме викна да бидам резерва


Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ на својот фејсбук профил го нападна селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски. Тој го обвинува дека не му дал доволно простор во репрезентацијата на последните два меча во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, против Италија и Лихтенштајн. Јаховиќ исто така сите во селекцијата ги нарече непријатели откако не бил поканет да игра на двата натпревара.

„Зарем 30 гола во Турција не се доволни. Прв напаѓач во Турција и поканет сум како резерва, браво. Јас имам поголем карактер од сите вас непријатели (душмани)", напиша тој на социјалните мрежи.

Инаку, вакво заминување од репрезентацијата најави и Музафер Ејупи кој истакна дека се додека актуелниот тренер Игор Ангеловски е на чело на националниот тим, тој нема да игра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари