logo
logo
logo

„Аџибадем Систина“ со нови апарати и методи ќе го враќа на терените младиот Азер Омерагиќ!

Vecer | 30.04.2021

„Аџибадем Систина“ со нови апарати и методи ќе го враќа на терените младиот Азер Омерагиќ!

Се е полесно кога за тебе се грижат „Аџибадем Систина“, потоа познатиот физиотерапевт Бојан Цаневски, секако д-р Ивановски кој и ја правеше операцијата на лигаментите на младиот фудбалер Азер Омерагиќ.

По операцијата, која мина успешно, на 24. април, сега пред офанзивецот на Борец е долга и напорна рехабилитација. И каде би одел Азер ако не во „Аџибадем Систина“, каде е постојано под будното око на Боки, инаку главен физиотерапевт и во нашата најдобра репрезентација. Една од нашите најпознати болници пред околу месец дена го отвори својот нов центар за рехабилитација, па така Азер покрај грижата на лекарскиот персонал во болницата, ја има и новата и супер модерна апаратура на располагање. Секако дека со тие нови и модерни апарати и методи на лечење, младиот напаѓач се очекува и порано од планираното да му се врати на фудбалот.

Омерагиќ ги скина лигаментите на мечот со Работнички во Скопје на 4 април, а по дваесет дена токму во „Аџибадем Систина“ беше успешно опериран. Добра вест е таа што Азер нема дополнителни оштетувања и дека сега засега на старот од рехабилитација се е во најдобар ред.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk