Аријан Адеми и Стефан Ристовски ја прославија титулата во хрватскиот шампионат. За капитенот на „модрите“ ова беше 19. трофеј како играч на Динамо Згареб и слободно може да биде горд на се што направи сезонава, како и годините претходно.

„Горди сме што на овој начин ја завршивме сезоната. Беше тека и дола. Ова е еден голем успех за сите нас. Посебно сум горд на сето она што го постигнав со Динамо. Тоа е голема работа, но најважно е дека продолживме да освојуваме и се надевам дека вака ќе продолжиме и следната сезона. Заедништвото и карактерот е нашето најглавно оружје“, изјави Адеми.

Сега е време за уште едно големо остварување. Македонија за првпат ќе игра на едно Европско првенство, а на патот до таму, Адеми не се штедеше се жртвуваше и играше и повреден.

sportmedia.mk