logo
logo
logo

Адеми: Ние сме енигма за Тотенхем, тоа е предност

Vecer | 09.03.2021

Адеми: Ние сме енигма за Тотенхем, тоа е предност

Динамо Загреб во четврток ќе го игра првиот меч од елиминационата фаза од Лигата на Европа против големиот фаворит Тотенхем. Загрепчани сезова во Европа играат феноменално, и не се плашат од никого, па зошто тоа би било случај и со тим како Тотенхем.

Капитенот на Динамо, и наш интернационалец и репрезентативец, Аријан Адеми смета дека најголем адут на неговиот тим е што е релативна непознаница за противникот. Од друга страна Динамо одиграл многу вакви мечеви и ништо не е ново за „модрите“.

„Очекувам дека ќе бидеме, тим, екипа, во вистинска смисла на зборот. Дека ќе излеземе со високо кренати гледи и дека ќе дадеме се од себе“ – изјавува Адеми па додава.

„Тотенхем е една од топ трите екипи во англиската Премиер лига. Не чека многу тешка задача со оглед на фактот што во опасноста ќе пристигнува од сите страни. Мора да се помага на одбраната многу. Ќе дадеме се од себе за да ги сопреме“ – вели капитенот на Динамо. Околу важноста на мечот, нашиот репрезентативец нормално е смирен како и секогаш.

„Нема никаков притисок. Мирни сме. Направивме многу добри работи, и ќе продолжиме да ги правиме. Свесни сме за нивната снага, и мора да бидеме компактни како и досега. Ни помага тоа што ги анализиравме многу, гледавме многу нивни мечеви“ – вади во јавност детали од подготовките за овој меч.

„Ќе видиме во четврток колку сме во предност што не не познаваат. Сепак, сигурен сум дека ќе направат се што е во нивна моќ за да дознаат што повеќе, затоа што нивниот тренер е роден победник. Секој меч си носи нешто свое. Во домашниот шампионат е ворба за титула, во Европа е битна за минување понатаму, што значи дека секој ден сме со нов предизвик пред нас„ – изјави Адеми за хрватските медиуми.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk