logo
logo
logo

А. Пандев е “домаќин“ во финалето на Купот!

Vecer | 05.05.2021

А. Пандев е “домаќин“ во финалето на Купот!

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа состанок на надлежните во ФФМ со претставниците на двата клуба финалисти на Купот, Академија Пандев и Силекс. По пат на ждрепка одлучено е струмичани да бидат во улога на домаќин на финалето, значи официјално се среќаваат Академија Пандев и Силекс на 19 мај на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Во текот на утрешниот ден надлежните во ФФМ ќе имаат состаноци со МРТВ, потоа со полиција, Кризниот штаб…па дури потоа ќе се знае и сатницата на одигрувањето на големото финале. Само се знае дека мечот ќе се игра послед 17 часот, барем така се планира.

Инаку ова за струмичани ќе биде второ финале во Купот во кое тие ќе атакуваат на вториот трофеј, додека за кратовци тоа ќе биде четврто, прво после 24 години, во кое тие ќе сакаат да дојдат до третиот пехар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk