logo
logo
logo

А кој друг: Гвардиола е менаџер на сезоната во Премиерлигата! (ФОТО)

Vecer | 31.05.2023

А кој друг: Гвардиола е менаџер на сезоната во Премиерлигата! (ФОТО)

Ништо необично. Пеп Гвардиола и официјално е избран за тренер или менаџер на сезоната 2022/23 во Премиерлигата. Се разбира дека во конкуренција беа и уште неколку менаџери, но зарем некој се сомневаше дека Пеп ќе биде најдобар по освоената нова титула со Манчестер Сити и тоа на спектакуларен начин откако во финишот успеа да го скрши Арсенал и својот пријател, некогашниот негов помошник Микел Артета.

Да биде се идеално за Пеп, тој сепак ќе мора на 10 јуни во Истанбул во финалето против Интер, да му ја донесе првата титула на Сити во Лигата на Шампионите.

Секако дека “граѓаните“ ги очекува и финале во ФА против Манчестер Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk