logo
logo
logo

Кои македонски олимпијци досега имаат освоено медали?

Vecer | 27.07.2021

Кои македонски олимпијци досега имаат освоено медали?

Првиот Македонец кој освои сребро на ЛОИ 1956 година во Мелбурн е голманот Благоја Видиниќ, кој четири години подоцна го освои и златото.

Без да го броиме денешниот златен или сребрен медал на теквондистот Дејан Георгиевски, македонските спортисти на летната Олимпијада досега имаат освоено вкупно 12 медали, но само еден по независноста на државата.

На Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година, борачот Магомед Ибрагимов во категоријата борење слободен стил до 85 килограми загуби во полуфиналето, но потоа победи во борбата за третото место и освои бронзен медал. Тој, како натурализиран спортист ги бранеше боите на Македонија, а роден е во Русија, во Дагестан, и е етнички Авар.

Тој е првиот олимписки медал за независна Македонија и беше единствен сè до денеска кога теквондистот Дејан Георгиевски ќе настапи во финалето и ќе се избори за најмалку сребрен медал.

Но, и претходно Македонци освојувале медали настапувајќи под југословенското знаме.

Првиот Македонец кој освои сребро на ЛОИ 1956 година во Мелбурн е голманот Благоја Видиниќ, кој четири години подоцна го освои и златото.

Во продолжение Плус инфо ви ја преставува листата на Македонци кои досега се закитиле со златен, сребрен или бронзен медал на Олимписките игри:

– ЛОИ 1965, Мелбурн, Австралија – Благоја Видиниќ, фудбал (сребро)

– ЛОИ 1960, Рим, Италија – Благоја Видиниќ, фудбал (злато)

– ЛОИ 1976, Монтреал, Канада – Благоја Георгиевски-Буштур, кошарка (сребро) и Аце Русевски, бокс (бронза)

– ЛОИ 1980, Москва, Русија – Шабан Сејдиу, борење (бронза)

– ЛОИ 1984, Лос Анџелес, САД – Шабан Трстена, борење (злато), Реџеп Реџеповски, бокс (сребро), Милко Ѓуровски, фудбал (бронза), Шабан Сејдиу, борење (бронза)

– ЛОИ 1988, Сеул, Јужна Кореја – Стојна Вангеловска, кошарка (сребро) и Шабан Трстена, борење (сребро)

– ЛОИ 2000, Сиднеј, Австралија – Магомед Ибрагимов, борење (бронза)

– ЛОИ 2020, Токио, Јапонија – Дејан Георгиевски, теквондо (злато/сребро)

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk