logo
logo
logo

ЗАПОЧНА ЦЕРЕМОНИЈАТА ОТВОРАЊЕ на ОИ во Токио

Vecer | 23.07.2021

ЗАПОЧНА ЦЕРЕМОНИЈАТА ОТВОРАЊЕ на ОИ во Токио

Свеченото отварање на Летните олимписки игри се одржува во новоизградениот Олимписки стадион во Токио, каде што ќе дефилираат повеќе од 11.000 најуспешни спортисти од светот.

Една од најголемите спортски манифестации во светот оваа година во Токио ќе собере повеќе од 11.000 спортисти под знамиња на 205 земји. Тие во наредните две недели ќе се натпреваруваат во 33 спортски дисциплини.

Почетокот на церемонијата е одбележан со перформанс посветен на сите спортисти кои во време на пандемија на корона вирус биле принудени да тренираат самостојно и да се изборат со бројни проблеми како што се аксиозност, тага и сомневања.

После почетниот перформанс на стадионот влегол царот на Јапонија Нарухито и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томац Бах.

Знамето на Јапонија на стадионот го внеле деца кои биле одбрани да бидат и на церемонијата при палење на пламенот во Атина, пред да биде пренесен во Јапонија, како и неколку успешни јапонски спортисти.

Знамето го предале на одбранбените сили на Јапонија кои го поставиле на јарбол, а потоа ја отпеале химната на земјата домаќин на Олимписките игри 2021 година.

За време на церемонијата одржан е едноминутен молк, со кој им е одадена почит на сите кои го изгубиле животот за време панедмијата на корона вирусот.

Инаку, Олимписките игри во Токои носат многу новитети за љубителите на спортот, бидејќи на овогодишните Игри ќе се одржат натпревари во осум нови дисциплини – карате, спортско качување, сурфање, скејтбортдинг, баскет 3 на 3, а под велосипедизам подведени се медисон и freestyle BMX.

Свечената церемонија на отворањето, како и самите натпреварување, ќе се одржува без присуство на публика поради лошата епидемиолошка ситуација во Јапонија. Имено, во Јапонија е вонредна состојба која ќе биде на сила во текот на Олимписките игри

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk