logo
logo
logo

8. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Фаворитите без грешка!

Vecer | 06.12.2021

8. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Фаворитите без грешка!

Ниту по осмото коло нема промени во изгледот на табелата во првата женска лига. Фаворитите туркаат според планот. А во овој круг од натпреварите, условно кажано, најтешка задача имаа кошаркарките на Бадел 1862 кои гостуваа во Крива Паланка.

Но стигнаа избраничките на тренерот Перо Стамески до планирана победа, на крајот и убедлива (73:54), за задржување на стонастотниот ефект, а во пресрет на второто големо дерби во регуларниот дел од сезоната.

Дуелот со бранителот на титулата Баскет Кам 2011 на домашен терен.

Екипата од Македонска Каменица беше убедлива на гостински терен кај Пробаскет (87:41) и го задржи чекорот со својот најголем ривал во трката за одбрана на пехарите.

Убедливи игри прикажаа и кошаркарките на Вардар, на дуелот против МЗТ Скопје Аеродром (86:47), и на Струга 2009 која беше доста подобра од составот на Работнички (90:72), доволна за место број 4 на табелата.

Во групата „Б“, екипите на Патриот 2016 и на Гризли направија чекор поблиску до лидерот Трокал (во ова коло кавадарчанки беа слободни) и ја продолжуваат трката за двете места кои водат во доигрувањето за место во друштвото на најдобрите екипи во женска конкуренција.

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Пробаскет – Баскет Кам 2011  41:87

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         86:47

Крива Паланка – Бадел 1862   54:73

Струга 2009 – Работнички         90:72

ТАБЕЛА: Бадел 1862 16, Баскет Кам 2011 15, Вардар 14, Струга 2009 13, Крива Паланка 11, МЗТ Скопје Аеродром 10, Работнички 9, Пробаскет 8;

ИДНО КОЛО (11.12)

Вардар – Пробаскет

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Работнички – Крива Паланка

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Шкупи – Тим Арена         55:45

Гостивар – Патриот 2016           58:64

Куманово – Мега Баскет            92:17

Гризли – Риниа      76:45

Трокал – слободен

ТАБЕЛА: Трокал 12, Патриот 2016 11, Гостивар 2009 10, Гризли 10, Тим Арена 9, Шкупи 9, ЖКК Куманово 2020 8, Риниа 7, Мега Баскет 7;

ИДНО КОЛО (11.12)

Тим Арена – Трокал

Мега Баскет – Гризли

Патриот 2016 – Куманово

Шкупи – Гостивар

Пантери – слободен


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk