logo
logo
logo

63. дуел, Вардар – Шкендија: Лидерот на “екскурзија“ во Скопје

Vecer | 20.03.2021

63. дуел, Вардар – Шкендија: Лидерот на “екскурзија“ во Скопје

Вардар – Шкендија, некогаш беше големо дерби, но сега веќе не е така. Ова ќе биде нивни 63. меѓусебен официјален меч, а Вардар нема победа од октомври 2017 година. Значи цели 3,5 години. Од тогаш се одиграа 14 средби, а Вардар се уште сонува да ја победи Шкендија.

Денеска на Арената лидерот одново е голем, голем фаворит. Се освен убедлив триумф на Шкендија ќе биде големо, изненадување, ако се знае дека Вардар оваа пролет има и тоа какви проблеми од секаков вид.

Шкендија попладнево ќе истрча без Арменд Алими кој има пет жолти картони, но и без Јан Кривак кој се уште не е доволно фит.

Традицијата е на страната на Шкендија, таа е единствен клуб во Македонија која има позтивен скор со секој друг наш клуб, па и против Вардар.

Досега во изминатите 62 меча, тетовци имаат 24 победи, 23 порази а 15 средби завршиле без победник.

Шкендија на овој меч секако дека ќе оди на победа. Е сега дали ќе биде “екскурзија“ за момците на тренерот Ернест Ѓока, останува да се види.

Натпреварот од 24.коло се игра денеска на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, со ТВ пренос на Арена Спорт и МРТВ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk