logo
logo
logo

6 февруари - Најцрниот ден во историјата на Манчестер јунајтед

Vecer | 06.02.2021

6 февруари - Најцрниот ден во историјата на Манчестер јунајтед

На денешен ден пред 63 години, беше еден од најмрачните денови во историјата на британскиот спорт. На 6 февруари 1958 година, во 15:04 часот, летот 609 на британскиот Јуропиан ервејс се урна при третиот обид за полетување од заледената писта на аеродромот во Минхен.

Авионот го превезуваше фудбалскиот тим на Манчестер Јунајтед, популарните „бебиња на Безби“, заедно со неколку пријатели на клубот и новинари. На летот имало 44 лица, а 20 ги забугија животите на самото место. Повредените, некои во несвест, биле пренесени во блиската болница во Минхен, каде починале уште три лица.

Манчестер Ј. тогаш ги загуби фудбалерите Роџер Брн, Еди Колман, Марк Џонс, Данкан Едвардс, Били Вилан, Томи Тејлор, Дејвид Пејџ и Геоф Бент, додека Џеки Бланшфлор, кој повеќе никогаш не играше фудбал, беше сериозно повреден. Летот 609 застана во Минхен за да наполни гориво на летот од Белград, каде Јунајтед ремизираше со Црвена звезда 3:3, во реванш четвртфиналето на Купот на европските шампиони.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk